Дали Samsung украле продавница од Apple? (видео)

Најголемиот конкурент на Apple во битката на мобилните уреди, Samsung, ја отвори својата прва продавница во Северна Америка и тоа во Ванкувер. По претставувањето, обожавателите на Apple велат дека Корејците ја украле продавницата.

Наведените сличности се следните: Минималистички ентериер со многу отворен простор; големи екрани на кои се прикажуваат производите; станица за подесување на опциите; а можеби најстрашно – помошниот персонал носи сини маички, исто како во продавниците на Apple.

Имајќи ја предвид праксата на Apple да го тужи Samsung речиси секое утро, не би било чудно ако поднесат нова тужба во која се вели дека тие ја имаат патентирано белата боја и сега корејската компанија им го нарушува патентот.

Отварање на продавницата

{youtube}S10ZxJXonws{/youtube}

- Реклама -