Самсунг го претставил својот 75 инчен Premium Smart TV или D9500 во Кореја. Како најскапиот производ во линијата Smart TV, D9500 има најголеми димензии, најчиста дефиниција, највисоки перформанси. Овој телевизор отвара нов свет на неверојатна 3D забава со својот 75 инчен LED екран, најголемиот 3D екран во светот.
Телевизорот нуди 1080p резолуција и рифреш стапка од 240-Hz. Телевизорот има вградена WiFi конекција што значи дека преку него може да се користи Skype, да се играат игри и да се пристапи на интернет. Нормално за да уживате во 3D искуството ќе ви се потребни специјални 3D очила.
Овој телевизор ќе започне со продажба овој јули во Кореја, а неговата цена ќе биде околу 17.600 долари, најверојатно бидејќи ова е првиот телевизор со овие димензии што значи дека екраните се уште не се масовно произведувани. [Samsung releases a new 75″ Premium Smart TV in Korea, the D9500]