Samsung подготвува смартфон на преклопување

Samsung наводно планира да претстави смартфон со дисплеј на преклопување во јануари.

Моделот на Samsung Galaxy S6 edge е еден од најиновативните смартфони претставени во текот на годината, но очигледно од компанијата не мислат да запрат до тука во напорите да се разликуваат од своите конкуренти.

Според новите гласини објавени во изданието Weibo, во јануари јужнокорејскиот производител ќе го претстави на пазарот првиот паметен телефон со преклопен дисплеј.

samsung

Изданието тврди дека прототипот ќе располага со новиот процесор Qualcomm Snapdragon 820, 3 GB RAM меморија и картичка за проширување на внатрешната меморија.

Претходно и од друго авторитетно издание – Sam Mobile, изјавија дека најголемиот светски производител развива нов смартфон под тајното име Project Valley, кој ќе располага со екран што се превиткува.

Слични информации, сепак треба да се прифатат со доза на скептицизам, откако гласините за сличен уред развиен од Samsung, циркулираат во медиумскиот простор веќе неколку години.

- Реклама -