Samsung Mobile се стекна со правото на користење на нов патент на флексибилен смартфон кој за волја на вистината многу наликува на нивниот конкурент LG G Flex. Барањето за заштита на патент го одобри Американската канцеларија за патенти и трговски брендови.
Според скиците кои се доставени од Samsung се гледа дизајн на флексибилен смартфон кој има заобленост во вертикала, односно од врвот надолу, слично како и LG G Flex кој досега ги освои сите позитивни оценки и доби многу пофални рецензии. Ќе биде интересно да се види дали овој смартфон ќе биде повод за прва сериозна тужба меѓу двете компании.
Samsung Mobile не се откажува од пласманот на флексиблни смартфони откако нивниот прв ваков уред Samsung Galaxy Round не успеа да воодушеви поради инфериорниот дизајн со закривеност поставена вертикално, па можеби овој патент ќе придонесе за нов поквалитен флексибилен смартфон.
Текстот е објавен во соработка со Telefoni.com.mk