Samsung открива какви ќе бидат нивните идни смартфони

Аналитичарите веруваат дека Samsung ќе се фокусираaт повеќе на смартфоните од средна и ниска класа, но изгледа корејскиот гигант нема намера да се откаже од лидерство на пазарот.

Компанијата ќе почне да користи повеќе првокласни материјали за да ги освои корисниците, со тоа што планира да  нуди широк спектар на поврзани уреди, откако ја загуби лидерската позиција, која се наоѓа веќе во рацете на Apple.

Планот на Samsung вклучува повеќе смартфони со метално куќиште, потенок дизајн и дисплеи со поголема резолуција меѓу различните модели. Ова го соопшти Шин Јонг-Кен, извршен директор на Samsung, на овогодинешната средба на акционерите, што се одржа во Сеул.

Со претставувањето на новиот предводник од S серијата, очекувањата на Samsung се да се зголеми продажбата и да врати дел од својот удел на пазарот.

„Samsung Electronics има за цел да ја зајакне својата лидерска позиција на пазарот за премиум уреди и планира да ги промени сериите смартфони, за да ја зајакне конкурентноста”, рече Шин, кој го предводи бизнисот со мобилни телефони.

- Реклама -