Компанијата Samsung оваа недела ќе го лансира новиот модел на „паметен“ телевизор, со џиновски екран, кој може да се поврзе на Интернет.
Станува збор за нова етапа производи од висока категорија на овој реномиран произведувач, вкупно 16 нови модели, со екрани од 46 до 75 инчи (117 сантиметри до 191 сантиметар), кои што ќе овозможат користење на Интернет, а ќе содржат и апликации за препознавање на говор и движење на телото.
Гледачот ќе може на пример да го праша својот телевизор „Кои фудбалски натпревари се денеска на програмата“, или „Дали има акциони филмови овој викенд“. На екранот ќе се појави одговор.
Овие „паметни“ телевизори за почеток ќе се продаваат само во Јуажна Кореја, а датумот за продажба во другите земји не е соопштен.