Рано изутринава ни пристигнаа и вестите дека Samsung се подготвува за претставувањето во јавноста на својот најнов Android таблет со неверојатен 2560 x 1600 резолуциски дисплеј!
Уредот со кодно име SM-P900 беше забележан на веб страната на Samsung, додека пак Јапонскиот блог посветен на технологијата- RBMen, пронајде дури три верзии од SM-P900: SM-P900 (се претпоставува дека таа е 3G верзија), SM-P901 (Wi-Fi) и SM-P905 (LTE). Секоја од овие 3 верзии прикажува дека таблетот има 1.4GHz процесор, оперативен систем Android 4.2.2 и големина на екран од 2560 x 1600.
На фан страната на Samsung -SamMobile се верува дека токму овој нов модел на таблет е всушност Galaxy Tab 3 Plus, таблет кој се очекува да има прилично многу сличности со Nexus 10 на Google.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk