Samsung ја претстави својата европска визија за унапредување на животот на луѓето, сега и во иднина.
Компанијата Samsung Electronics на саемот IFA 2013 ја претстави својата европска визија за пазарот на електронски уреди за широка потрошувачка со прикажување на најновите достигнувања во областа на „паметни“ телевизори, кујнски апарати и печатачи. Самсунг (Samsung) покажа дека деталното разледување на желбите на потрошувачите им помага на нивните дизајнери и инженери во развојот на производите и услугите кои ги предвидуваат и поставуваат новите трендови на пазарот.
„Една од тајните на нашиот успех е тоа дека ние не го штедиме трудот во процесот на разбирање како луѓето ја користат технологијата. Овие сознанија потоа се користи за сето она што го создаваме. Така доаѓаме до производи и услуги кои го прават животот дома многу полесен и среќен” – изјави БК Јун (BK Jun), Претседател и извршен директор на Samsung Electronics.
Сите детали, видеа и слики на сите производи прикажани на саемот IFA 2013 можете да ги погледнете на: www.samsungifa2013.com