Најновиот врвен LCD телевизор на Samsung беше пуштен во продажба во Јужна Кореја.
Со дијагоналата од 190 сантиметри и неверојатно тенката рамка овој телевизор ќе го разубави домот на секој муштерија со дебел паричник. ES9000 има рамка дебела само 7,9 милиметри, Diamond Black Panel на Samsung кој би требало да ја подобри острината на сликата и серија smart TV елементи.
Телевизорот исто така е опремен со вебкамера, која ќе се користи за видео конференции, препознавање на лица и новиот систем за контрола со гестови на Samsung. Цената на ова парче технологија е 19.8 милиони вони во Кореја, што во остатокот од светот би било 17.443 долари.