Samsung ќе го купува BlackBerry?

Samsung Electronics води преговори за купување на BlackBerry Ltd за 7,5 милијарди долари, пишува Reuters.

Јужнокорејскиот гигант предложил почетна цена од 13.35 до 15.49 долари за акција, која е за 38% – 60% повисока од онаа по која што тие тргуваат во моментов. Извршните директори на двете компании се сретнале минатата недела  да разговараат за потенцијалната зделка, соопштува неименуван извор, кој не сака да биде откриен.

BlackBerry објави соопштение во кое што го негира учевството во преговори со Samsung за купување на компанијата. Акциите на канадскиот производител скокнаа за 30% по објавувањето во Reuters и паднаа за 15% по изјавата.

Samsung нуди многу уреди кои се наменети за потрошувачкиот пазар, со тоа што корејската компанија е лидер на таошниот пазар, но со стекнувањето на BlackBerry таа може да отвори многу врати во корпоративниот пазар.

Samsung ќе се соочи со регулаторните органи, како во Отава, така и во Вашингтон. Според канадската легислатива трансакцијата за стекнување на BlackBerry од странска компанија бара посебно одобрување. BlackBerry може да ја загуби битката кај смартфоните, но таа е позната со безбедноста на уредите и услугите кои ги нуди. Многу големи корпоративни клиенти, заедно со владини и воени агенции низ целиот свет ги користат услугите на BlackBerry.

Од Samsung очекуваат да поминат и низ комплициран процес за одобрување од страна на Комитетот за странски инвестиции во САД (CFIUS). Samsung смета дека стекнувањето на помалку од 100% од BlackBerry ќе помогне за одобрување од CFIUS, но се сомнева дека на овој начин ќе може да постигне стратешките цели, станува јасно од документите, видени од Reuters.

- Реклама -