Samsung издвојува нова победа во долгата и исцрпувачка правна битка која се води во повеќе држави. Овој пат судот во Јапонија ја отфрли поднесената тужба од страна на Apple за прекршување на правото на користење на патент.
Во јапонскиот суд во главниот град Токио, Apple покренал тужба против Samsung за прекршување на патентот за синхронизација на дигиталните забавни содржини во уредот.
Според судијата Тамоцу Соџи нема правна основа и никаква вина кај страната на Samsung кој е ослободен, а на Apple му е наложено да ги плати судските трошоци. Oстанатите судски спорови меѓу двете компании продолжуваат, а се очекува Apple да победи во судот во Германија.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.mk