Пресметката може да почне, iPhone дозна како изгледа неговиот нов голем противник. Samsung конечно и официјално синоќа го претстави Galaxy S IV на спектаклот „Samsung Unpacked 2013 – Episode 1″ во Њујорк.
Samsung очигледно не сакаше преголема хардверска или софтверска револуција, туку имаше намера на корисниците да им пружи целосен пакет што ги покрива сите сфери од животот, за што сведочи и мотото на новата „ѕвезда“ во галаксијата – Животен сопатник.
„За секој од нас животот е своевидно патување. Тоа што ние сакаме е уред кој ќе може да не следи на тоа патување. Galaxy S IV е животен сопатник кој ќе го унапреди секојдневниот живот“, рече на презентацијата Џеј Кеј Шин, шеф на одделението за мобилна комуникација на компанијата.
Телефонот ќе се појави во продавниците од крајот на април и тоа во понудата на 327 оператори во 155 земји во светот, а ќе постојат два модели 3G и 4G.
Samsung не сакал да екепериментира со дизајнот така што новиот модел изгледа речиси исто како своите постари „браќа“ од Galaxy серијата S3 и Note II. Тоа значи и дека нема ништо од простувањето со препознатливото копче под екранот, како што многумина шпекулираа. Малку е потенок и полесен од претходникот (7,9 мм, 130 г), но овој пат стигнува со поголем екран – дијагоналата е пет инчи поточно 4,99.
Во прашање е full HD Super AMOLED екран со сјајни 441 ppi, кој е сместен во куќиште со димензии 136,6mm x 68,9mm, за нијанса поголеми од „тројката“.
SGS4 е 4G LTE уред, кој очекувано има поддршка за WiFi, Bluetooth, стандардните портови и опции за проширување на меморијата, е опремен со две камери – на задната страна има камера од 13 мегапиксели, додека за видео повици ќе послужи една поскромна оптика од 2 мегапискели.
Сила на телефонот му дава Exynos 5 Octa осмојадрен процесор, кој е претставен пред два месеци. Во прашање е првиот осмојадрен процесор за мобилни уреди.
Тука е и 2GB RAM, а што се однесува за просторот за податоци ќе постојат верзии од 16GB, 32GB и 64GB. Батерија е посилна од кај претходникот 2.600mAh, односно 20 отсто посилна отколку кај S3.
Освен хардверските унапредувања Samsung претстави и софтверски трикови кои делуваат како главни адути во борбата со конкуренцијата, па така со Android 4.2.2, меѓу другото, стигнуваат:
-S Health кој би требало да стане ваш фитнес гуру. Телефонот има педометар, сензори за температура и влажност на воздухот, автоматски ги детектира условите во кои се движите и вежбате, а може да прати и кога спиете и колку јадете
-може да набавите и s Band, кој преку Bluetooth испраќа пораки во вашиот џеб, а можно е поврзување дури и со напредни ваги за телесна тежина
-Galaxy 4 благодарение на IR бластер може да се претвори во далечински управувач за ТВ уреди
-софтверот за камера е дополнително подобрен и овозможува голем број фотографии во секунда и автоматски избор на најдобрите
-тука е и унапредената интеракција со телефонот – AirView наследен од Note II овозможува отворање на прозори без допирање на дисплејот, AirGestures има слична функција и ги детектира движењата над екранот
-има вградено технологија која ги следи движењата на лицето и очите – презентирано е читање документи, запирање видеа ако го тргнете погледот од екранот…
-вграден е преведувач кој знае да зборува, пишува и слуша девет јазици
Погледнете го видеото од вчерашниот спектакл
[youtube]http://youtu.be/3gDurRTBhZE[/youtube]