Samsung ги претстави паметните телевизори на саемот IFA 2013

Станува збор за еден од светските лидери во областа на иновацијата на дигитални апарати,кој ја презентираше својата европска визија на посебно дизајниран ексклузивен изложбен простор во Берлин на саемот IFA 2013 – Премиум куќа.

Премиум куќата претставува дом од 272 m2 во кој посетителите имаа можност да го доживеат врвното домашно опкружување со потполно функционална кујна, дневен простор и просторија за перење – дизајнирани и уредени во тесна соработка со водечките производители на дизајниран мебел B&B Италија и Arclinea. Во Премиум куќата на Samsung беа прикажани најновите апарати за домаќинство од Samsung, а посетителите имаа можност да ги испробаат напредните функции и да се уверат во врвниот дизајн на уредите наменети за домаќинствата.

1. UHD телевизори

Веќе девет години компанијата Samsung се наоѓа на водечкото место на европскиот пазар за телевизори, кое е стекната со помош на иновациите во LED и Плазма технологиите. Како што беше претставено на саемот, Samsung лансира нова ера во иновациите на ТВ уредите преку Ултра Високата Дефиниција (UHD).

samsung-saem-fri-era-02

Samsung UHDF9000 ги исполнува сите три желби на потрошувачите овозможувајќи им неспоредливо искуство во гледањето телевизија, искуство создадено со чиста иновација. Со повеќе од осум милиони пиксели и резолуција која е четири пати поголема од онаа кај Full HD моделите, UHD F9000 претставува револуција во резолуцијата, која овозможува прецизно дефинирање и на најситниот визуелен детал да биде јасен и неверојатно живописен.

2. Телевизори со OLED екрани

OLED технологијата е дизајнирана да донесе врвно искуство за гледачите.Телевизорот на Samsung со закривен OLED екран од 55 инчи поместува уште една граница во иновациите во технологијата на домашните забави, носејќи до сега невидена промена во квалитетот на сликата и дизајнот. Закривената рамка, инспирирана од концептот на вонвременска арена е совршена основа за живописно реалистичните бои на OLED. Секој пиксел се осветлува и прикажува на сликата со апсолутно црни нијанси, контраст кој никогаш не е виден на конвенционалните телевизори.

samsung-tv

Важно е да се напомене дека минатата година, Samsung продавал два телевизори во секоја секунда ширум светот, додека во Европа нивниот пазарен удел бил 41 процент. Резултатите од приоритетите на потрошувачите се извонреден квалитет на сликата, поголем екран и интуитивна употреба.

[youtube]http://youtu.be/Hx7foaN1Ymg[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -