Samsung Gear ја претстави иднината на флексибилните екрани

Досега слушавме за смартчасовникот кој го создаде Samsung чија слика излезе во јавноста познат под името Altius, за подоцна истиот тој смартчасовник да се појави под сосема друго име – Samsung Gear.

Неколку од пронајдоците кои секако се патентирани, се однесуваат на флексибилноста која ја имаат дисплеите на овие уреди, а очекувањата, слободно можеме да кажеме дека го надминуваат и небото!

1

Samsung (логично) засега секој податок или фотографија чува внимателно под своја закрила, па токму затоа и нема никакви официјални па дури ни неофицијални слики на било кој tech форум како што тоа знае да се случи со сите други останати уреди кои се во најава. Но доколку ги земеме в предвид гласините, дефинитивно можеме да создадеме слика за овој Samsung Gear гаџет.

Samsung-Gear-smartwatch-concept-shows-a-future-of-flexible-screens (1)

Токму тоа го стори и Британскиот Codes Pro! Ги собра на едно место сите наводни информации и слики од можните заштитени пронајдоци, патент-скиците и описи низ сите форуми, па создаде свој концепт за тоа како изгледа Samsung Gear смартчасовникот. Би го купиле ли доколку тој изгледа вака?

download Samsung-Gear-smartwatch-concept-shows-a-future-of-flexible-screens (2) Samsung-Gear-smartwatch-concept-shows-a-future-of-flexible-screens

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -