Samsung Galaxy S4 mini доаѓа на 20 Јуни

Samsung веќе испрати покани до медиумите за својата прес-конференција која ќе се одржи на 20 Јуни во Лондон каде ќе бидат прикажани нови производи со Android и Windows.

Wall Street Journal потврди дека долго-најавуваниот Galaxy S4 mini смартфон ќе дебитира на тој настан, заедно со уште неколку други нови производи.

13-1368455458-samsung-galaxy-s4-mini-1-

Според последните гласини, се очекува телефонот да биде мала верзија на популарниот Galaxy S4, и доаѓа со qHD дисплеј од 4.3 инчи, процесор Exynos 5210 со две јадра со брзина од 1.6 GHz, главна камера од 8 МР, како и Android 4.2.2 Jelly Bean заедно со интерфејсот TouchWiz на Samsung.

13-1368455493-samsung-galaxy-s4-mini-3-

Останува да видиме дали овој мал но доста моќен смартфон ќе биде претставен за три недели.

Прочитајте и:  Zerocam - апликација за фотографии без вештачка интелигенција

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -