Samsung Galaxy Note III ќе има дури четири верзии

Доколку може да и се верува на оваа најнова информација Samsung Galaxy Note III ќе има дури четири верзии од кои најинтересна е таа со 5.7 инчен Super AMOLED флексибилен екран.

Првата верзија покрај конечното воведување на еластичните и неуништиливи Super AMOLED ќе има и 13 мегапикселна камера, а маската ќе биде составена од премуим материјали.

Samsung-Galaxy-Note-3

Останатите три верзии ќе имаат обичен Super AMOLED и камера од 13 мегапиксели, верзија со LCD екран и пластична маска и 13 МП камера, додека најевтината верзија ќе биде со LCD екран, 8 мегапикселна камера и исто така пластична маска.

Оваа инфомрмација сеуште не е потврдена и нејзиното реализирање ќе зависи од почетниот успех на Samsung Galaxy Note III.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -