Samsung ја прошири палетата на своите апарати со вграденa Wi- Fi конекција, со тоа што во оваа категорија ги вклучи и машините за перење Така компанијата го отвора патот кон т.н. . ” Поврзан дом “.
Машината со предно полнење и фен Washer Dryer Combo е првата со вграден Wi -Fi. Таа поседува функција за брзо перење , My Cycle функција која ја запомнува програмата за перење која користикот би сакал да ја користи, мотор Digital Inverter Direct Drive и 11 години гаранција на деловите на моторот .
Кон овие функционалности на новиот модел додаде и вградената Wi -Fi конекција , преку која корисниците можат да го следат и контролираат перењето и циклуси на сушење од далечина со помош на компатибилен паметен телефон. Ова е можно благодарение на примената на Samsung Smart Washer / Dryer App (достапна во Google Play ).
Новата машина за перење со фен е слична на серијатата паметни клими на Samsung. Како климите, така и машините можат да се контролира со помош на апликација, кога корисникот e надвор од домот.
Функцијата My Cycle овозможува на корисникот однапред да ја постави својата комбинација на поставувања на циклусот за перење и сушење, а потоа само со притискање на едно копче да ја вклучи машината.
Благодарение на функцијата Smart Check, проблемите сврзани со далечината веќе ќе бидат минато. Автоматскиот систем за грешки го детектира и дијагностицира секој проблем и нуди решенија со користење на апликацијата.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk