Утрово, пред главната зграда на Apple во Калифорнија пристигнале преку 30 камиони полни со монети од 5 центи…
Иницијално, обезбедувањето на компанијата сакало да ги врати камионите, тврдејќи дека се работи за грешка, но тогаш Тим Кук (CEO на Apple) добил телефонскиот повик дека всушност станува збор за исплата на казната која судот нареди да им биде исплатена на Apple.
Со оглед на тоа што во судската одлука нема наведено начин на исплата, Корејците смеат да ја исплатат сумата онака како што најмногу им одговара. Затоа, до крајот на неделава, тие планираат да ја довршат испораката на преку 20 милијарди монети од по 5 центи, со што случајот ќе биде завршен, т.е. ќе се исплати полната сума од 1 милијарда и 50 милиони долари.
Иако ние би сакале оваа вест да беше вистинска, затоа што ќе беше убедливо најсмешната вест во 2012 година, сепак се работи за добро смислена измама од одредени сајтови. Штета!