Тизер трејлер: „Самрак – Зазорување 2“ (видео)

Филмскиот серијал „Самрак“ го доби долгоочекуваниот крај. Отако во минатото верните гледачи се запознаваа со Бела, Едвард, Џејкоб и со нивните семејства, како и со љубовната романса на еден од најпознатите парови на филмското платно, финишот ја отсликува Бела во едно поинакво светло.

Да, таа конечно станува вампирка, а на премиерата на „Самрак – Зазорување 2“, која е закажана за 16 ноември, гледачите ќе може да дознаат и што ќе се случи со Ренезме, ќерката на Бела и на Едвард. Главните улоги ги толкуваат Роберт Патинсон и Кристен Стјуарт, а филмот го режираше Бил Кондон.

{youtube}0d9kx6lfS0g{/youtube}

- Реклама -