Google премиерно ги претстави своите самовозечки автомобили. Иако тие претходно признаа дека модифицираните Приуси ова беше нивното прво јавно претставување. Инженерите ги демонстрираа способностите на возилата возејќи доброволци низ празен паркинг.
Главниот софтверски инженер Себастијан Турн рекол дека во нормални услови возачите би ја впишале саканата дестинација по што автомобилот ќе ја одбере најдобрата маршрута и ќе се управува самиот. Возилата користат ласерски мерачи на оддалеченост и видео камери за да детектираат други возила и детални мапи за да го најдат идеалниот пат од една до друга точка. Но во оваа демонстрација возилата следеле програмирана патека и биле наместени за поагресивни перформанси.
{youtube}YaGJ6nH36uI{/youtube}
Google се соочи со контроверзи минатата година откако беше откриено дека вработените ги тестираат овие возила на јавните патишта во Калифорнија. Возилата поминале над 225.000 километри речиси ексклузивно со авто-пилот. Иако во возилата имало луѓе, тие не го допирале управувачот и педалите. Модифицираните Приуси возеле од канцелариите на Google во северна Калифорнија до Санта Моника.
{youtube}oMdcWHnbhsw{/youtube}
Тие исто така преминале преку мостот Голден Гејт и се спуштиле по улицата Ломбард во Сан Франциско, една од најстрмните улици во САД. Од Google велат дека седум вакви автомобили поминале по 1600 километри без било какво управување од луѓе. Истражувачите велат дека со помош на вештачка интелегенција би можел да се преполови бројот на жртви од сообраќајни несреќи кој во моментов изнесува 1,2 милиони жртви годишно во целиот свет.
Возилата се придржуваат до ограничената брзина бидејќи таа информација се наоѓа во нивната база на податоци. Од Google велат дека до сега возилата немале никакви проблеми. Всушност единствената несреќа се случила кога друг возач се судрил во задниот дел на еден од автомобилите. „Нашата цел е да помогнеме во спречувањето на сообраќајните несреќи, да создадеме повеќе време за луѓето и да ги намалиме јаглеродните емисии преку темелно менување на начинот на кој се користат автомобилите“ рекол господин Турн, предводникот на проектот.