Адријана Лима ќе го носи т.н. „Fantasy Bra“ на долго очекуваната ревија на Victoria’s Secret на 9-ти декември во Лондон.
Сета фантазија на овој градик е украсен во дијаматни, а таа ќе го претстави рамо до рамо на пистата со прекрасната Алесандра Амбросио. Сепак, Адријана посакува само еден маж да го види во првиот ред.
– Посакувам принцот Хари да дојде на ревијата. Тој дефинитивно ќе има место во првиот ред- рекла Лима.
Принцот се уште не одговорил, а прашањето е кој маж би одбил покана од еден од најубавите ангели на Victoria’s Secret?!
Инаку, градниците кои ќе ги носат Лима и Амбросио чинат по 2 милиони долари и украсени се со 18-каратно злато, 16.000 скапоцени камења и се дизајнирани од златарот Паскал Муавард.