Вевчанскиот карневал го спојува и неспоивото, па така имаме прилика да ги видиме генералниот секретар на СДСМ – Љупчо Николовски и портапаролот на пapтијата – Костадин Костадинов, во братска прегратка и насмеани од уво до уво со човекот кој им е лyт пoлитички pивал – лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Или поточно, негов плyкнат двојник.
„Ја негуваме вековната традиција на Вевчанскиот карневал.
Вевчани деновиве е центар на збиднувањата. Многу гости од целата држава, но и од странство, го посетија Вевчанскиот василичарски карневал, кој е дел од нашата богата македонска изворна традиција која сите ние грижливо ја чуваме и ја пренесуваме од генерација на генерација.
Уникатните маски, нивните пораки и познатата вевчанска гостопримливост, го прават овој карневал познат ширум светот!“, напиша Николовски на Фејсбук.
„Денеска во Вевчани, дури и Христијан Мицкоски ми потврди дека со СДСМ, државата е на прав пат“, се пошегува Костадинов.