Јапонските железници презедоа дополнителни мерки за заштита на желките од возовите во земјата.
Активностите се преземени по серијата смртни случаи на желки, најмногу за време на летните месеци. Тунелите за желки биле изградени во партнерство со паркот Сума и привлекуваат илјадници туристи, додека голем дел од туристите доаѓаат со возови за да ги видат, што му доаѓа како win-win ситуација. Паркот се наоѓа во близина на океанот, што е и главната причина за многуте желки во регионот. Од поставувањето на тунелите до моментов вкупно 10 желки го користеле, што значи дека се спасени 10 животни. Пофалба, нели?