Само во Јапонија

Необични навики на Јапонците, што ги збунуваат другите нации.

Јапонија е земја со многу различни навики и обичаи. Погледнете 11 карактеристични работи за земјата на изгрејсонцето, кои изгледаат прилично чудни низ очите на другите нации:

Бројот 4 се избегнува

j1(30)

 

Во Јапонија бројот 4 е знак за смрт и се избегнува. Нешто слично на бројот 13 во западните култури. Треба да ги избегнувате и работите кои се во парови по 4. Не смеете да давате подарок, што се состои од 4 нешта. Лифтови често немаат 4-и кат, а во некои екстремни случаи дури нема броеви од 40 до 49. Број 49, пак, на јапонски звучи блиску до зборовите “болна смрт” и исто така се избегнува. Практиката да се избегнуваат овие бројки се нарекува тетрафобија.

Да го испразнат носот на јавно место се смета за грубо

japan japanese street food osaka nara himeji kyoto

Не само грубо, туку одвратно. Ние се согласуваме дека ова е сосема на место.

Никој не дава бакшиш

o-SUSHI-YASUDA-facebook

 

Тука никој не дава бакшиш.  Таквиот гест во Јапонија или ќе се смета за навредлив, или келнерот едноставно нема да разбере зошто сте го направиле и ќе ве замоли да ви го врати кусурот. Ако многу сакате да се заблагодарите, можете да оставите мал подарок.

Не е вообичаено да се оди и да се јаде

roflbot-710x451

 

Во Јапонија не е културно да се оди и да се јаде, или да се јаде во метрото, како и на друго јавно место. Единствен исклучок е за сладолед на улица.

Има луѓе чија работа е да ве втурнат во метрото

j5(1)

Во метрото е толку многу гужва што на многу станици постојат луѓе чија што  работа е да ги туркаат последните патници, додека вратата не се затвори.

Луѓето заспиваат во метро со глава на рамениците на оној до нив

funny-photos-sleeping-in-train-mrt-7

Ако човекот до вас заспие во метрото и се наведне на вашето рамо, повеќето Јапонци го прифаќаат тоа за нормално. Можеби причината е што во Јапонија е вообичаено човек да патува многу долго до саканото место и да спие во возот.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Гостите ги соблекуваат чевлите и носат папучи

Japanese-brand-cotton-hemp-Autumn-Winter-women-man-lady-s-house-shoes-padded-Home-bamboo-indoor

Ова на Балканот не е чудно, но за луѓето од западните земји е. Во САД, на пример, никој не ги тера гостите да ги соблекуваат чевлите и тие се прилично изненадени кога во јапонските домови ќе им понудат влечки. Во бањата има други влечки, кои се само за бањата. Оваа практика може да се види не само во домовите, туку и во некои храмови, традиционални ресторани и музеи.

Кога одите на гости, секогаш носете подарок

gifts

Да ве поканат во нечиј дом е чест и треба да носите подарок, со тоа што тој треба да биде убаво спакуван – колку повеќе панделки, толку подобро. Ако ви подарат подарок, мора прво да се откажете од оваа чест, за да покажете скромност, но потоа задолжително да го прифатите.

Не доставајте пиење самите во вашата чаша

toast612

Во Јапонија никој не налева пиење во чашата сам. Тоа ќе го направи домаќинот или друг гостин, кога ќе забележи дека немате пиење.

Да спиете во капсула, слична на ковчег, е нормално

j11(3)

Во Јапонија се популарни хотелите капсули. Тие постојат од 70-тите години. Нив ги обожаваат бизнисмените кои работат до доцна и немаат време да се приберат, или од млади  луѓе кои прославуваат по клубовите и имаат потреба од место каде што само ќе преспијат. Тие се евтина алтернатива на хотелите – чинат околу 65 долари од вечер, што е најниска цена. Не се препорачуваат на луѓе кои се клаустрофобични.

- Реклама -