Мик Џегер отсекогаш бил опкружен со жени, а се чини дека тој продолжи со исто темпо и по смртта на неговата долгогодишна девојка.
Помалку од три месеци по смртта на долгогодишната девојка Л’Врен Скот, познатиот фронтмен на Ролинг Стонс, Мик Џегер е виден во друштво на непозната бринета.
Џен Шејн за смртта на сестра ѝ Л’Врен Скот кажала: „Имаше сè, но во еден момент, ми кажа дека ми завидува.“
Таа исто така има кажано дека нејзината сестра била во голема депресија поради аферите на Џегер. Додека пејачот говореше дека е „уништен“ поради самоубивството на својата партнерка Лорен, Џен Шејн вели дека Мик никогаш нема да го смени својот начин на живот.
Странските медиуми јавуваат дека Мик ја поминал ноќта со непознатата девојка, а папараците ги фатиле како се дружат на балконот во хотел во Швајцарија. 70-годишниот рокер и атрактивната млада жена изгледале прилично интимно.