Само шест луѓе на концерт на Северина?!

Секси пејачката Северина денес го доживува врвот на својата кариера. Нејзините концерти се преполни и скоро секоја  нејзина песна е голем хит.

Но тоа не било секогаш така. Таа пред 25 години немала толку фанови како сега, а и исто така ја немала ни приближно популарноста што ја има сега.

Screenshot-48

Севе на Инстагран објави фотографија под која напиша: „Мојот прв концерт во Сараево беше во 1990 година, кога имав само една песна и кога на концертот дојдоа само шест луѓе. Концертот не беше рекламиран никаде, но мислам дека тоа немаше да ја промени посетеноста. По овој дебакл, во Сараево ги имам одржано најубавите и најуспешни концерти во животот… А да знам кои се шесте луѓе, би им дала карти за секој концерт и јадење и пиење и се… “

- Реклама -