Шефот на концернот FCA, Серџо Маркионе, ја изрази јасно својата позиција против создавањето на кросовер од марката Ferrari. Запрашан за идејата, тој коментираше дека во моментов брендот е бомбардиран од нарачки за нови автомобили и не му треба никаков кросовер. Точните негови зборови се „Ќе треба како прво да ме убиете, а тоа значи кросовер од Маранело, само преку мене мртов!“
Минатата година Италијанците успеаја да реализираат 7.664 возила во целиот свет, што претставува раст од околу 6% во однос на 2014 година и се очекува нивото на пораст да се задржи и оваа година. Големата цел на брендот е да продава по околу 9.000 автомобили годишно пред крајот на деценијата, а Маркионе е убеден дека ќе успее во тоа.
Во соработка со Автоплус