Само половина од 20-годишниците денес ќе формираат брак и семејство

Во денешната ера на постојана интерконекција на човештвото, се потешко е да се најде вистинската личност за брак. Студијата која ја спроведе британското „Здружение за брачен живот“ резултираше со крајно песимистички предвидувања.

Ако судиме по сегашните трендови, излегува дека дури половина од денешните 20-годишници никогаш нема да стапат во брак. Кај генерацијата на нивните родители, оваа бројка е помала од една третина.

Дури три четвртини од испитаните тинејџери се изјасниле дека сакаат да стапат во брак и основаат семејство кога ќе пораснат. Сепак, се чини дека само малку од нив ќе ги остварат своите желби. Многу веројатно е дека најголемиот дел од нив ќе ги менуваат партнерите во текот на животот или ќе бидат самохрани родители, чиј број секојдневно расте.

Прочитајте и:  Осум држави најавија забрана за физичко казнување деца

Истражувачите ги анализираа статистиките за тоа колку парови стапуваат во брак и колку се разведуваат. Очекувано, трендот на „се помалку бракови и се повеќе разводи“ уште еднаш беше потврден.

married+just+divorced[1]

Тоа што бракот ќе стане поредок, а паровите ќе имаат деца се подоцна, би можело да значи дека барем ќе добие на квалитет. Сепак, според податоците, само 1 од 20 родители ќе остане со истиот партнер до моментот кога нивното дете ќе наполни 15 години.

Според анализата на повеќе од 40.000 семејства од 2009 год. па наваму, една од главните причини за намалувањето на бројот на склучени бракови е задоцнетото осамостојување на младите, но и преголемите трошоци за венчавка, како и индивидуалниот избор на луѓето.

- Реклама -