Само покер ни остана

pokerCOVER

Го-човештвото претпре голем пораз: вторникот вечерта, вештачката неврална мрежа на Гугл – AlphaGo, го победи Ли Седол – најдоброто што човечкиот род имаше да го понуди во пресметката во пет партии во една од најкомплицираните и најкреативните логички игри во историјата – кинеската Го, и тоа со резултат од 4-1. Претходно, вештачката интелигенција ни го исплеска газот и во „Чекерс“, шах, „Скрабл“ и „Џепарди“. Во што ли следно ќе губиме?

Едно е сигурно, следната игра нема да наликува на шах или Го, едноставно затоа што не постојат други такви игри што би биле предизвик за вештачката интелигенција да ги совлада.

„Го беше највисокиот врв на планината на детерминистичките игри базирани на совршена информација“, вели AI програмерот – Брус Вилкокс, кој напиша неколку Го алгоритми. „Подразбираше проектирање на иднината со помош на легални потези, со цел да се преобрази таблата во твоја полза“.

Детерминистичка игра е, во основа, игра во која одреден инпут секогаш дава подеднакво одреден аутпут. Во шахот, за да го мрднеш топот три места, го мрдаш топот точно три места. Ништо надворешно не се случува за време на таа акција, нема фрлање коцки, нема среќа, нема простор за универзумот да го промени исходот. Како контра пример, да го земеме бриџот. Секој потег започнува со влечење карта, и никогаш не си сигурен што ќе извлечеш. Можеш да ја знаеш веројатноста да извлечеш џокер или некоја друга карта, врз основа на картите што ги имаш и отворените карти на другите играчи, но тоа има малку значење врз исходот. Слично е и во покерот – играта вклучува информации кои се скриени од играчот – во случајов картите што ги држат другите играчи.

robots-playing-poker[1]

Во шахот или во Го нема блефирање.

Несовршеноста не значи дека е невозможно за компјутерите, само потешко. Универзитетот  во Алберта, каде постои посветена група за Компјутерско покер истражување, во јануари 2015 се пофали дека неговите научници го „решиле“ ограничениот  Texas Hold‘em покер. Се работи за импресивен алгоритам, кој во донесувањето одлуки се потпира на милијарди замислени варијанти на поделени раце карти, но истиот има и недостатоци. Имено, покерот не може да биде „решен“, како што може икс-нула, на пример, но гледано по веројатноста, компјутерот може да победи одново и одново: истражувачите велат дека на секоја изиграна рака на голема блинда од 1.000 долари, максималната сума со која човечкиот играч може да остане во посед против алгоритмот е 1 долар.

Прочитајте и:  Црква во Швајцарија инсталираше Исус со вештачка интелигенција

Да се предвиди точно кога компјутерите ќе ги победат професионалните играчи на покер во неограничен покер е глупава задача. Во случајот на Го, утнаа за барем цела декада. Како што напиша Елон Маск на Твитер: „Многу експерти од полето мислеа дека на вештачката интелигенција ќе и требаат уште 10 години за да го постигне ова“.

Алгоритамот за кој зборуваме, значи, може да се справи со само двајца играчи. Полна маса, или неограничен покер, во моментов е несварлив за вештачката интелигенција. Во таква партија на no-limit покер, лани во мај, програмата на универзитетот Carnegie Mellon убедливо изгуби кога играше со професионалци во Вегас. Заедно, четворицата професионалци имаа вкупно водство од 700.000 долари (во чипови) пред машината.

pokerКомпјутерите имаат долг пат да изодат пред вештачката интелигенција да може да го мимикрира човечкиот „покерашки“ ум. Ќе мора да научи да блефира. „Игрите со скриена информација, како покерот, се интересни заради психологијата на тоа да го измамиш противникот“, истакнува Вилкокс.

Во меѓувреме, машините стојат на прагот на човечкиот свет на лагата и се чудат што ги снашло. Ама да не ги отпишуваме прерано.

- Реклама -