Само да не разочара! Џеј Џеј Абрамс: Сценариото за „Војна на ѕвездите“ е завршено

Режисерот на престојната франшиза „Војна на ѕвездите“, Џеј Џеј Абрамс, изјавил на конференцијата за медиумите дека сценариото за првиот филм е завршено.
„Сценариото е подготвено. Работевме напорно и одиме со полна пареа напред“, рекол Абрамс на конференцијата.
Тој додаде дека гласините се вистинити дека се состанува со голем број познати актери низ САД, но за сега сето тоа е деловна тајна.

Абрамс изјави дека не знае дали тој ќе биде одговорен за снимањето на сите три дела од филмот, и дека сега е фокусиран само да не ги разочара обожавателите на овој филм.

Прочитајте и:  „Култиватор филм“ во Кино Карпош
- Реклама -