Самите лопови советуваат: Како да ги држите подалеку од вашиот дом

Доаѓа сезоната на летни одмори, а со тоа и сезоната на провалниците чија мета се празните домови. Мерките што веднаш ни паѓаат на памет (како на пример оставањето на телевизорот уклучен) и не се баш така ефикасни како што мислиме. За тоа најдобар доказ се исповедите на неколку „експерти во полето“, кои ќе ги наведеме во продолжение.

„Кога ќе видам дека светлото и понатаму гори во три часот наутро и дека гласот на телевизорот е појачан до максимум, тоа е јасен знак дека во таа куќа веројатно нема никој“ е начинот на кој всушност размислува разбојникот.

Дури ни опасните кучиња не им се проблем. За некои се и дополнителен предизвик. „Знаците како „Пази Куче“ се потполно безвредни. Еднаш дури опљачкав цела куќа протнувајќи се низ вратничето за кучиња“, вели друг.Дополнително, уште неколкумина велат дека големите кучиња се полесни да се совладаат и да се замолчат, а во принцип ги избегнуваат домовите во кои има мали кучиња кои лаат хистерично и без прекин. „Тие мали кучишта ми одат на нерви. Многу се гласни и не можеш да ги замолчиш, ниту па да ги стигнеш. Секогаш ги избегнувам таквите куќи“, признава еден од лоповите.

burglar

Честа пракса е да се „пикираат“ празните домови со помош на друштвените мрежи. Затоа се препорачува сопствениците никогаш да не објавуваат статуси кои содржат информација дека тие ќе одат на одмор или нема да бидат дома во даден период.

Исто така, се препорачува прозорците да се заклучуваат со дополнителен клинец, бидејќи така тешко можат да се обијат. Во спротивно, доволен е само еден обичен шрафцигер.

Се разбира, ако не сте дома на подолг период, не ги оставајте ситните драгоцености насекаде низ домот. Подобро е да купите сеф и таму да ги чувате.

Прочитајте и:  Зимата и затворениот прoстор значат поголема опасност од мувла

Дополнителните брави на вратата се исто така нешто во кое вреди да инвестирате. „Обичните заклучени брави се лесни за отклучување. Овие новите ги отварам и со кредитна картичка“, вели еден провалник.

Се смета и дека многу од лоповите се потпираат на таксистите, како на доушници. Заради тоа е пожелно секогаш да се симнете/качите од/во такси малку подалеку, а не токму пред вашиот дом. Исто така, не се расприкажувајте многу многу со возачите – не дека тие намерно ќе соработуваат, но вештиот крадец може несвесно да им извлече чувствителни информации.

И се рабира, провалниците најмногу бегаат од камери. Особено страв им причинуваат веб камерите, кои се тешко забележливи и се причина за фаќањето на многу од овие криминалци.

Security-Measures-that-Burglars-Loathe[1]

БОНУС:
Маскираниот провалник не е тешко да биде забележан, па затоа често ќе ги искористи столиците и масите во дворот за криење додека да стигне до прозорецот. Што почист и попрегледен двор, толку побезбеден дом.

Ако насекаде се фалите дека поседувате скапи предмети, бидете сигурни дека порано или подоцна информацијата ќе стигне до погрешни уши. Фалењето има и друг посуптилен облик – провалниците обично ги меркаат прозорите, па избегнувајте да го поставите скапиот телевизор или лаптоп до прозорот, каде што е видлив за минувачите. Така е поверојатно да станете мета.

Добрите односи со соседите се една од најдобрите мерки на претпазливост, особено со оние соседи кои сакаат сé да знаат и многу време поминуваат по балконите или скалите во влезот, постојано „снимајќи“ кој доаѓа, а кој си оди.

- Реклама -