Неуспехот да одвои повеќе средства за помош на Украина во војната против Русија ќе доведе до особено влошување на способноста на Украина да се брани, изјави денеска советникот за безбедност на Белата куќа, Џејк Саливен.
Говорејќи на форумот на Волстрит журнал, Саливен рече дека без помош на САД, тоа ќе и наштети на способноста на Украина да ја задржи територијата што ја контролира, а камоли да ја врати територијата заземена од Русија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски е во Вашингтон каде што денеска треба да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден за да разговара за војната против Русија и за поддршката на САД за украинските одбранбени напори.
Републиканците во американскиот Сенат го блокираа неодамнешното гласање за законот за помош на Украина и Израел, откако демократите не ги исполнија нивните барања за зајакнување на безбедноста на јужната граница на САД. Пакетот од 110 милијарди долари вклучуваше 61 милијарда долари за Украина, како и помош за Израел и Газа.
МИА