Саливан: Администрацијата на Бајден одлучно ја отфрла тезата дека случувањата во Газа се геноцид

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан соопшти дека администрацијата на претседателот Џо Бајден не смета дека израелските убиства на Палестинци во Појасот Газа се геноцид.

Говорејќи пред новинарите во Белата куќа, Саливан рече дека САД сакаат Хамас да биде поразен, дека Палестинците се фатени сред војна „во пеколот“ и дека големата израелска воена операција во Рафах би била грешка.

„Не веруваме дека она што се случува во Газа е геноцид. Одлучно и официјално ја отфрламе таа теза“, рече Саливан.

Бајден, кој се кандидира за втор мандат оваа година, се соочи со силни критики од сопствените поддржувачи за неговата поддршка за Израел, при што некои од тие критичари го обвинуваат Израел за геноцид.

Прочитајте и:  Путин му честиташе на Доналд Трамп за победата

Повторувајќи ги коментарите на Бајден во саботата, Саливан рече дека во Газа сега ќе имаше прекин на огнот доколку Хамас ги ослободи заложниците, пренесува Гласот на Америка. САД напорно работат на договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците, изјави американскиот официјален претставник, но тој не може да предвиди дали и кога ќе биде постигнат договор.

- Реклама -