Сали: Промените во Комисијата за заразни болести ќе бидат во насока на проширување со нови професионални кадри

Промените во Комисијата за заразни болести ќе бидат во насока на проширување и дополнување на нејзиниот состав со нови професионални кадри од повеќе области, вели новиот министер за здравство – Беким Сали, за МИА. Како што информира тој, во тек се дискусиите, а во таа насока денеска имал и состанок со претседателот и секретарот на Комисијата.

Професионалното работење на Комисијата за заразни болести, посочи министерот, е од најголема важност, а одговорот кон потребите на граѓаните врвен приоритет.

„Апсолутно го разбирам интересот на јавноста за натамошните чекори поврзани со составот на ова тело, бидејќи околностите бараат засилено и координирано дејствување врз основа на стручни и реалистични проценки. Во оваа Комисија веќе има доста искусни професионалци во своите области, а натамошните чекори ќе подразбираат надградба, усовршување и професионализација. Целта на овие мерки е секако намалување на бројот на заразени лица, како и воопшто заштита на јавното здравје, во најдобар интерес на граѓаните“, додаде министерот Сали.

Извор: МИА

- Реклама -