Салах со двосмислена порака до фановите на Ливерпул

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах им остави двосмислена порака на фановите на тимот на социјалните мрежи.

Во победата над Брајтон (2:1) викендот во 10. коло од Премиер лигата, 32-годишниот Египќанец го постигна победничкиот гол. По оваа победа Ливерпул се искачи на првото место во Премиер лигата.

– Врвот на табелата е местото каде што припаѓа овој клуб. И ништо помалку. Сите екипи добиваат натпревари, но на крајот има само еден шампион. Ова е она што го сакаме. Ви благодарам за вашата поддршка минатата вечер. Што и да се случи, никогаш нема да заборавам какво е чувството да се постигне гол на Енфилд“, напиша Салах.

Договорот на египетскиот фудбалер со Ливерпул истекува следното лето. Оваа сезона одигра 15 натпревари во сите натпреварувања, постигна девет голови и седум асистенции.

Прочитајте и:  Реал Мадрид се откажа од привлекувањето на Александер-Арнолд

Салах игра за Ливерпул од 2017 година. 

- Реклама -