Сакраменто Кингс ќе имаат најнапредна хај-тек спортска арена во светот

esc_si_web[1]

Не дека новата сала на Сакраменто Кингс (Golden 1 Center), која во моментов се гради во срцето на Калифорнија – не изгледа импресивно однадвор. Но, со оглед на тоа што ќе се крие под површината, Голден 1 изгледа сосема скромно.

Чини 500 милиони долари, а кога есенва ќе заврши изградбата, се очекува арената да биде нај-хај-тек спортски центар во светот, до толку што ќе ги воодушеви и фановите од Силициумската долина.

Ќе има огромни порти, како тие на авионските хангари, и ќе ги избрише границите помеѓу гледањето на спортски настан во затворено и гледањето на отворено.

Карти ќе се купуваат преку официјалната апликација на тимот, преку која ќе можете сами да изберете седиште. Истата таа апликација ќе им дава и сообраќајни насоки на тие што не знаат како да стигнат до салата, а на фановите ќе им помага и околу наоѓањето на паркинг место. Пак преку истата апликација ќе можете да нарачувате и сендвичи, грицки, пијалоци и што ли уште не се служи во спортските центри во САД, и тие ќе бидат доставени точно до вашето место.

Ако не ви е ќеиф да гледате во огромниот екран со 4К резолуција, арената ќе го стримува натпреварот директно на вашиот смартфон. Притоа нема да трошите ваш интернет – арената ќе располага и со стотици Wi-Fi „аксес поинтс“, доволно за да овозможи свој сопствен интернет за 70.000 корисници. Тоа е голем залак, па затоа арената ќе има свој сопствен дата центар сместен на површина од 6000 квадратни стапки. Со тоа ќе стане најповрзаната спортска сала во светот.

Наместо стандардните климатизери кои се поставуваат во воздухот, тие на Голден 1 ќе бидат вградени под трибините, што според експертите, е далеку поефикасно. Тоа воедно значи и дека фановите што седат на одредена секција еден ден ќе имаат можност да гласаат за температурата на делот од салата во кој што седат.

Лудо е, да, ама најлудо од сé е што 100% од енергијата потребна за сето набројано, како и за сите други потреби на салата, ќе биде обезбедена од соларна енергија.

- Реклама -