Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, оваа сезона настапува за Зенит од Санкт Петербург. Тој се врати во Русија по неуспешната сезона во дресот на Олимпија Милано, која ја имаше летоска.
Димитријевиќ е голем фан на Партизан, што сам го потврди во интервјуто за „Баскетбол Сфера“.
„Долго време посакав да бидам дел од Партизан, особено откако ја напуштив Валенсија. Сметам дека токму тогаш имав одлична шанса, но никогаш не добив конкретна понуда или интерес. Имав искрена желба, но поканата на крајот не се оствари“, изјави Димитријевиќ, а потоа ги коментираше и промените во клубот по заминувањето на Жељко Обрадовиќ.
„Сметам дека е жално за Евролигата и за Партизан што Жељко Обрадовиќ напушта. Тој е најголемата легенда на клубот и неговото присуство во кошарката е од огромно значење. Тоа е дел од спортот, понекогаш работите не завршуваат на најдобар начин“, додаде тој.
Фото/ EPA




