Сакате момче? Облечете црвено!

Според пишувањата на американскиот таблоид „DailyMail“ жените кои носат црвено на првиот состанок имаат поголеми шанси да му се допаднат на партнерот. Од друга страна пак, боите кои можат да ги доведат до контра ефект се жолтата и кафеавата.

Жените, од друга страна, според спроведената анкета, гледаат најмногу привлечност во мажот кога тој е облечен во сива боја.

beautiful-woman-red-dress-date

Според истите истражувања, жолтата боја ги става и двата пола надвор од теренот, и ги намалува шансите за втор состанок, а жените истовремено изгласале дека и розовата боја е непотребна во машкиот ормар.

Целта на истражувањето била да се покаже како одредени бои влијаат врз одвивањето на љубовниот интерес. Во истото биле вклучени 1.128 жени и 1.232 мажи од Велика Британија, од кои 66% признале дека бојата на облеката на партнерот игра значајна улога во првиот состанок.

- Реклама -