Сакате да ослабите? Одете на планина

Германските истражувачи докажаа дека престојот од една недела на голема височина може да даде резулати во намалување на тежината.

201020421

Наместо на плажа, на оние со вишок килограми би им било подобро да отидат на планина и тоа не само за да го избегнат покажувањето во костим за капење. Според најновата германска студија, планините се совршени места за губење килограми.

Во студијата учествуваа 20 мажи со вишок килограми кои поминаа една недела на планински воздух и кои во текот на тој период изгубиле солиден број килограми. Но тоа не е се, тие успеале да ја одржат новостекнатата тежина дури и во наредните неколку недели.

Важно е да се напомене дека во текот на престојот на највисоката планина во Германија, Цугшпице на Алпите, на висина од 2.600 метри мажите кои учествувале во студијата немале зголемени физички активности, ниту пак биле на диети. Сепак, учесниците во студијата не јаделе како вообичаено заради што значително се намалило внесувањето на калории – од 734 до 2.200 помалку, на ден.

Нивниот притисок значително се намалил, а метаболизмот се интезивирал. Како резултат на тоа секој од испитаниците изгубил по 1,5 килограми.

Тука нема ништо чудно. Луѓето обично чувствуваат помалку глад кога се на големи височини, освен тоа губење на апетитот и вртоглавица се први симптоми на висинска болест. Она што најмногу ги изненади истражувачите е фактот што учесниците во студијата успеале да ја одржат телесната тежина и во наредниот месец.

Се претпоставува дека причина за тоа е  прочистувањето на крвта кое им се случило заради планинскиот воздух, а заради што можеле да вежбаат повеќе кога се вратиле дома и на пониска надморска височина. [Altitude Causes Weight Loss Without Exercise]

- Реклама -