Макс Браун е пронаоѓачот на “паметно огледало” што со употреба на билатерално дисплеј стакло и контролен панел им овозможува на луѓето да читаат вести, додека се наоѓаат во бањата.
За да ги демонстрира можностите на својот изум, Браун поврзал кон него Associated Press и временски прогнози. Тој планира да додаде кон можностите на “најпаметното огледало” известувања, потсетници и други можности кои работат заедно со апликацијата Google Now.
Екранот е тенок само неколку милиметри, но Макс признава дека пронајдокот има потреба од избор на платформа и подобрување на електрониката внатре. Во моментов, сепак тоа е доволно за да можат луѓето да се информираат за случувањата во светот, додека се бричат или вршат нужда во својот тоалет.