Ако не сте вие, сигурно познавате барем некого кого би опишале како „саркастична, цинична личност“. Со оглед на тоа какви изјави и коментари знаат да излезат од устите на таквите, не е чудно што многумина не ги поднесувааат.
Но, од друга страна, научниците откриваат дека луѓето со споменатите особини се всушност исклучително интелигентни.
Истражувањето на Бизнис школата на Хардвард, во кое биле анализирани когнитивните искуства на мозокот и однесувањето на поединците кои во одредени ситуации се однесуваат саркастично, дојде до заклучок дека сарказмот е „највисокиот облик на интелигенција“.
Исто толку интересно е што се покажа дека високиот коефициент на интелигенција не е својствен само за луѓето склони кон сарказам, туку и за оние што лесно го препознаваат.
И што би рекле од Топ Шоп, тоа не е сé! Имено, истражувањата велат дека изложеноста на саркастично однесување всушност ја потикнува креативноста кај другите луѓе, а ја развива и нивната способност за изнаоѓање решенија за проблеми. Судејќи по активноста на мозокот што ја измериле научниците, сарказмот го стимулира мозокот повеќе да се напрегне, и во пракса, ве тера повеќе да размислувате.
Затоа, не бегајте од циниците како од чума и не ги презирајте кога ви се во друштво. Напротив, ценете ги. А кога сме веќе кај популарноста на циниците и нивното влијание врз друштвото, едно друго истражување покажува дека луѓето не се лутат и не се вознемируваат кога саркастичните коментари доаѓаат од личност која им е блиска или со која се пријатели.