Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ предлага Собранието во овој состав да донесе закон за намалување на загадувањето и ги повика сите пратеници да се приклучат на иницијативата без калкулации, пишува МКД.мк
Во соопштението од независните пратеници се наведува дека тие подготвиле нацрт верзија со предлози за намалување на загадувањето за најмалку 50%. Тие најавуваат работни средби со невладините организации и експертите во оваа област на кои ќе работат заедно на законското решение кое ќе опфати:
Регулирање на греењето на домовите и разгледување на можноста за воведување на забрана за греење на дрва, мазут и јаглен во урбаните средини.
Ширење на топлификациската и гасификациска мрежа во урбаните средини.
Бесплатни печки на пелети за сите домаќинства со ниски примања и субвенционирање на останатите во зависност од нивните месечни примања. Исто така да се постави и систем на субвенционирана цена на пелетите за граѓаните со пониски примања.
„Екологизација“ на сите јавни институции во државата каде нема топлификациска мрежа.
Промена на системите за греење во сите јавни и општински институции и установи со цел во државата да нема ниту една институција која се грее на дрва, мазут, нафта или јаглен.
Сите автобуси на градскиот превоз во Скопје да бидат или на метан или на електричен погон.
Да се субвенционира инсталирањето на гасни уреди кај таксистите, со цел во наредните 4 години сите такси возила или да го исполнуваат ЕУРО 6 стандардот, или да се на плин или метан.
Затоплувањето со прегорено масло или со остатоци од мебел, како и горењето на гуми да преставува кривично дело и да има посебна единица во полицијата и обвинителството која ќе ги гони сторителите на овие кривични дела.
Целиот текст прочитајте го на МКД.мк