Сака бебе во шестата деценија?

Славната манекенка наводно со сето срце сака да стане родител, па доколку не се успее да забремени ќе побара помош од сурогат-мајка.Ел Мекфирсон, која оваа недела полни 51 година, сака дете со милијардерот Џефри Софер, за кој што се омажи пред неколку години.

Манекенката наводно во текот на минатата година на сите начини се обидувала да остане бремена, но со оглед на тоа што не и пошло од рака, планира да побара помош од сурогат – мајка.

Ел има два сина од врската со францускиот богаташ Арпад Бусон.

 

- Реклама -