САД, Велика Британија и Романија на воени вежби во Молдавија

Молдавија денеска соопшти дека ќе биде домаќин на заедничката воена вежба, во која ќе учествуваат единиците на специјалните сили од САД, Велика Британија и од Романија.

„Вежбата ќе се одржи во центрите за обука на Националната армија, од 27 март до 7 април, а има за цел заедничка обука и размена на искуства меѓу војниците на молдавските, романските, американските и британските специјални сили, како и зголемување на нивото за интероперабилност меѓу континентите учесници, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Молдавија.

Исто така се посочува дека специјалните сили на четирите земји ќе изведуваат напредно борбено гаѓање, како и вежби со падобран и обука за конкретни мисии.

Прочитајте и:  Анкета на Галуп: Над половина од Украинците сакаат крај на војната со преговори што поскоро, опаѓа оптимизмот за членство во ЕУ и НАТО

Во соопштението се наведува дека воената опрема ќе биде преместена во центрите за обука на молдавската армија за да се користи за време на вежбите.

МИА

- Реклама -