САД се блиску до одлука за испраќање крстосувачки ракети со долг дострел во Украина

САД се блиску до договор за снабдување на Украина со крстосувачки ракети со долг дострел кои би можеле да бидат лансирани кон цели длабоко во руската територија, но официјален Киев ќе мора да почека неколку месеци додека САД ги решаваат техничките проблеми за таквата испорака да биде возможна, изјавија денеска неименувани американски претставници.

Вклучувањето на крстосувачките ракети воздух-земја (ЈАССМ) во пакетот оружје наменет за Украина би можело да биде најавено оваа есен, изјавиле истите извори, наведувајќи дека конечната одлука се уште не е донесена.

Испраќањето на ракетите во Украина би можело значително да ја промени стратешката рамнотежа во руско-украинскиот конфликт во корист на Украина, бидејќи поголемиот дел од руската територија би бил во дострел на моќни, прецизно наведувани американски ракети, наведуваат агенциите.

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина

Според воените аналитичари, воведувањето на ракетите ЈАССМ во воениот арсенал на Украина, радарски невидливи проектили кои можат да погодат цели на поголеми растојанија од повеќето други украински ракети, би можеле да ги преместат руските борбени линии и синџири за снабдување стотици километри на руска територија, што на Москва сериозно би и отежнало да ги одржува своите офанзивни операции.

- Реклама -