САД одобрија активирање на 15.000 напредни Старлинк сателити

Американската Федерална комисија за комуникации (FCC) објави дека дала зелено светло на компанијата SpaceX за лансирање на дополнителни 7.500 сателити од втора генерација во ниска орбита. Оваа одлука има за цел да го подобри глобалниот пристап до интернет-услуги. Со овие нови сателити, SpaceX, предводена од Илон Маск, ќе ја зголеми својата мрежа и ќе допринесе за подобрување на интернет конективноста во оддалечени области.