САД обвини 12 Руси за хакирање на претседателските избори

Големата порота во САД обвини 12 Руси, кои работеле како разузнавачи, дека ја хакирале компјутерската мрежа на Хилари Клинтон и нејзиниот изборен штаб во 2016 година.

Сето ова, според обвинението, се случувало за време на претседателската изборна кампања во САД во 2016 година, кога Клинтон се тркаше со Трамп за претседателската функција.

Истрагата започнала поради сомнежи дека поранешни соработници на Трамп, неколку компании и 13 руски државјани воделе скриена, но влијателна кампања на социјалните медиуми, со цел да се сруши угледот на Хилари и Трамп да добие предност.

Прочитајте и:  Бајден бара од Конгресот да и отпише долг на Украина од 4.6 милијарди долари
- Реклама -