САД на Талибанците им оставаат воена опрема вредна 85 милијарди долари, тврди синот на Трамп (табела)

Вашингтон, 30 август 2021 (МИА) – САД, напуштајќи го Авганистан, оставаат оружје и воена опрема во вредност од 85 милијарди долари, напиша на Твитер Доналд Трамп-помладиот, син на поранешниот американски претседател.

„Во иднина … воена опрема во вредност од 85 милијарди долари им е оставена на талибанските терористи. Тоа значи дека секој Американец, маж, жена, дете, придонел околу 265 долари за нивната терористичка кауза, врз основа на фактот дека САД е дом на околу 320 милиони луѓе. Браво, демократи!“ – напиша Трамп јуниор, придружувајќи ја пораката со табела на американскиот ревизорски суд, која укажува на бројот на специфично оружје и опрема.

Според оваа табела, Американците оставиле во Авганистан 22.174 џипови Хамви, 634 оклопни транспортери, 155 возила MxxPro со зголемена заштита од мини, 169 оклопни возила М113, 42.000 пикапи и оклопни возила, 64.363 митралези, 8.000 воени камиони, 162.042 преносни уреди за ноќно гледање, 358.530 пушки, 126.295 пиштоли, 176 топови.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

Покрај тоа, оставени се и 33 хеликоптери Ми-17, 33 хеликоптери Блекхок, 43 хеликоптери МД530, четири воени транспортни авиони Ц130, 23 авиони Ембраер-314, 28 авиони Цесна 208 и 10 авиони Цесна АС-208.

- Реклама -