Соединетите Американски Држави почнаа со повлекувањето на своите трупи од Сирија, соопштија од Белата куќа.
„Територијалниот калифат на милитантите“ беше поразен“, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс,
Таа вели дека победите врз милитантите не го означуваат крајот на глобалната коалиција или на нивната кампања, туку преминуваат на следна фаза во борбата против Исламската држава.
Претходно, претседателот Доналд Трамп на Твитер објави дека милитантната група исламска држава е поразена во Сирија, а постоењето на таа група била единствената причина што ги држел американските трупи таму.
Моментално има околу 2.000 американски војници во Сирија, а повеќето од нив соработуваат со курдските и со арапските милиции во борбата против Исламската држава.