Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин претходно порача дека евентуалната дозвола за користење на ракети со долг дострел кон Русија би значело директно вклучување на НАТО во војната во Украина и оти на ваквите напади ќе биде одговорено соодветно
Синоќешната средба на американскиот претседател Џозеф Бајден и британскиот премиер Кир Стармер во Вашингтон не донесе новости во однос на барањето на украинскиот претседател Володомир Зеленски за користење на западно оружје – ракети со долг истрел кои Украина би ги користела за напади врз Русија, јавува Би-Би-Си.
Ова значи дека барем засега, САД и Обединетото Кралство нема да и дозволат на Украина да користи ракети од нивно произвдство за напади врз цели и градови во Русија и покрај барањата на Зеленски кој неколкупати претходно говореше дека тоа е единствениот начин да се стави крај на војната која трае нешто повеќе од две и пол години.
Американскиот претседател Џо Бајден по состанокот кажа дека тој не размислува многу на заканите од рускиот претседател Владимир Путин за војна со НАТО ако западните сојузници и дозволат на Украина да гаѓа цели длабоко во внатрешноста на Русија, додека пак премиерот на Обединетото Кралство, Стармер, изјави дека следните недели и месеци ќе бидат „одлучувачки“ за Украина и рече дека е „од витално значење“ двете земји да продолжат да поддржуваат да го поддржуваат Киев во борбата против Москва.